Хрватски Кумал ќе гради фабрика во Штип

Bez autora
Oct 14 2013

Хрватската компанија Кумал ќе гради фабрика во технолошко-индустриската развојна зона Штип во вредност од седум милиони евра, а ќе опфаќа стотина директни и индиректни вработувања. Основна дејност на хрватската компанија, која е дел од холдингот Куфнер групација, е производство на термоизолациски панели и експандиран полиестер. Одлуката за новата инвестиција во Македонија во понеделникот на премиерот Никола Груевски му ја соопштија претседателот на Бордот на директори на Кумал, Славен Куфнер, и извршниот директор, Александра Лелиќ,. Тие истакнале дека поволностите кои Македонија ги овозможува за странските инвеститори, како што се ниските трошоци, ниските даноци, и соодветната и квалитетна работна сила, придонеле за оваа нивна одлука за лоцирање на дел од нивниот бизнис во Македонија.

Хрватски Кумал ќе гради фабрика во ШтипХрватската компанија Кумал ќе гради фабрика во технолошко-индустриската развојна зона Штип во вредност од седум милиони евра, а ќе опфаќа стотина директни и индиректни вработувања.

Основна дејност на хрватската компанија, која е дел од холдингот Куфнер групација, е производство на термоизолациски панели и експандиран полиестер.

Одлуката за новата инвестиција во Македонија во понеделникот на премиерот Никола Груевски му ја соопштија претседателот на Бордот на директори на Кумал, Славен Куфнер, и извршниот директор, Александра Лелиќ, информира владината прес служба.

Тие истакнале дека поволностите кои Македонија ги овозможува за странските инвеститори, како што се ниските трошоци, ниските даноци, и соодветната и квалитетна работна сила, придонеле за оваа нивна одлука за лоцирање на дел од нивниот бизнис во Македонија.

Премиерот Груевски изрази задоволство и ја поздрави одлуката на компанијата Кумал за инвестиции во Македонија.

Тој истакна дека инвестицијата ќе значи отворање на нови работни места што е стратешка определба на Владата, и можност за бизнис на повеќе локални економски субјекти кои во иднина ќе соработуваат со компанијата Кумал како добавувачи на определени добра или пак во сферата на логистиката на поддршка на процесот на производство.

Груевски истакна дека Владата ќе продолжи со напорите за унапредување на условите за инвестиции и со ориентираноста кон поддршка на инвеститорите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik